vucic-putin

ВУЧИЌ: Путин не ме покани на инаугурацијата на 7.мај, одам кај Ердоган..

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека не добил покана од рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на неговата инаугурација на 7 мај во Москва.

“Ме повика турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара на 7-ми мај. Јас не добив повик од Путин. Некои веќе започнаа по амбасадаите и нашите кругови да зборуваат – ’ене го ќе оди кај Путин’, иако човекот не ме покани”, им изјавил на новинарите во Крагујевац Вучиќ.

Вучиќ додаде дека тој не зборувал за тоа со Путин, туку дека на телефон разговарале за Косово и за други работи.

За утрешната средба со германската канцеларка Ангела Меркел, Вучиќ рече дека Ангела Меркел е најважниот партнер и дека разговорите во Берлин нема да бидат лесни.

Тој ги негираше тврдењата на Вук Јеремиќ, претседател на Народна партија, кој на Твитер напишал дека Вучиќ му дал милиони долари на лице кое се презива  Левандовски за да му организира телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателот на Србија истакна дека никогаш не го запознал Левандовски во својот живот, ниту слушнал ниту го видел, а само дека слушнал само за фудбалерот Левандовски.

“Можеби српските криминалци од кабинетот на Зоран Заев прислушуваа, па слушнаа кога разговарав со мојот син дека би сакале да одиме еден ден да погледнеме во Минхен натпревар со Левандовски”, рече Вучиќ.

Извор:BBN




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − 7 =

%d bloggers like this: