Националната авиокомпанија на Кувајт – Кувајт ервејс ги прекина сите летови за Бејрут, почнувајќи од четвртокот по предупредувањето на кипарската влада, соопшти компанијата.

Компанијата објави на Твитер дека одлучила да ги прекине сите летови кон Бејрут врз основа на сериозни безбедносни предупредувања, пред се поради безбедноста на патниците. Кувајт ервејс нема да лета во Бејрут од 12-ти април и не е познато колку долго ќе трае суспензијата на летовите.

Предупредувањето на кипарските власти дојде еден ден откако агенцијата за контрола на воздушниот сообраќај ги предупреди авионите да бидат претпазливи во источниот Медитеран околу можноста за воздушни напади врз Сирија во текот на следните три дена.

Извор:РСА

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име