somalija

Експлозија на фудбалски стадион во Сомалија: Загинале најмалку четири особи

Најмалку четири лица загинаа, а десетина биле повредени во експлозија што се денес случи на фудбалски стадион во Сомалија.

Експлозијата се случи на стадионот во Барава за време на натпреварот помеѓу локалните фудбалски ривали.

Осврнувајќи се на изјавата на заменик-гувернерот на сомалискиот регион Абдифатхах Хаџи Абудл, локалните медиуми објавија дека експлодирала временската бомба која претходно била поставена на стадионот.

Меѓу загинатите има фудбалери и навивачите, а полицијата нападот го припиша на терористичката организација Ал Шабааб.

Терористичката организација Ал Шабааб ја презеде одговорноста за нападот и во порака на социјалните медиуми тврди дека меѓу настраданите има и локални представници и војници од Уганда.

Извор:faktor/Фото:Илустрација




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − = 7

%d bloggers like this: