miradz

Муслиманите денес ја обележуваат избраната ноќ Лејлетул Мираџ

Муслиманите вечерва ќе ја пречекаат – обележат Лејлету-л-Мираџ или Ноќта на воздигнување на Мухаммед а.с во највисоките небески свери, настан кој се случил на 27-от ден од месец Реџеб.

Според календарот и таквимот за 2018 година, ова ноќ настапува денес (петок) со почетокот на акшам намаз.

Ноќта на Лејлетул Мираџ за припадниците на исламот представува ноќ на патување на Пратеникот Мухаммед а.с. од Мека до светиот храм Ал-Акса во Ерусалим, а потоа и неговото возвишеното патување кон небесните сфери каде директно на муслиманите им е пропишан, намаз, и редовната молитва како една од основните верски должности и една од основните столбови на верата.
Ова ноќ потврдена е цо сурињата Ен-Неџм, Ел-Исра, и во Чесниот Кур`ан се наведува: “Нека благословен биде Оној, кој во еден час од ноќта го пренесе својот роб од чесниот Харем во Харемот далечен, чија околина ја благословивме, со што некои  Наши знаци би му покажале – Тој, навистина, сё слуша и сё гледа„.
По повод оваа ноќ, денес со почеток после акшам намаз во џамијата на населба Подгорци, ќе биде одржана свеченост со која ќе се обележи оваа благословена ноќ.
Dubai-portal.com.mk



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× four = 8

%d bloggers like this: