avtobuska nesreka

Десет лица загинале, а 20 повредени во автобуска несреќа во Бугарија

Десет лица загинаа, а најмалку 20 се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопат кон Софија, во близина на Вакарела, објави бугарското Министерство за здравство. Несреќата се случила кога автобусот се превртел по судир со автомобил.

Судејќи според истиот извештај, автобусот  после сударот со автомобилот се превртел надвор од патот. Некои патници долго време останале заглавени во превртениот автобус.

Четиринаесет амбулантски возила биле испратени на местото на несреќата кои ги пренесоа повредените во болницата.

Се очекува Министерството за здравство подоцна да објави ажуриран број повредени лица и да поднесе извештај за состојбата во која се наоѓаат, објави бугарската новинска агенција БТА.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine × 7 =

%d bloggers like this: