Nebenzija

Русија предупреди на можност од војна со САД

Русија предупреди дека американските воздушни напади против Сирија во врска  употребата на хемиско оружје може да предизвикаат војна меѓу двете земји. “Наш најголем приоритет е да ја спречиме заканата од војна”, изјавил рускиот амбасадор во Обединетите нации, Васили Небензиа.

Тој го обвини Вашингтон за загрозување на меѓународниот мир, велејќи дека ситуацијата е “многу опасна”. Се чини дека западните сили подготвуваат напади, но Русија како сојузник на Дамаск се противи на тоа.

- За жал, не можеме да исклучиме каква било опција, изјави Небензиа за новинарите за време на состанокот во Советот за безбедност на ОН.

Тој посочи дека постои можна ескалација поради руското присуство на војската во Сирија, објави ББС.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


five + 6 =

%d bloggers like this: