Новата верзија на лимузината, направена посебно за американскиот претседател Доналд Трамп, треба да биде презентирана во следните неколку месеци.

Станува збор за оклопен Кадилак, вреден околу 1,5 милиони долари, отпорен на бомби, како, и резерви на кислород за хемиски напад. Возилото било преземено од страна на американската тајна служба за финални  конечните тестови на квалитетот и безбедноста која ја обезбедува.

Возилото требаше да биде подготвено со инаугурацијата на Трамп минатата година, но роковите постојано се померуваа, додека официјалните претставници во четвртокот објавија дека ќе биде готово ова лето.

“Ние ја завршивме нашата работа и возилото му го предадовме на нашиот клиент”, изјавил претседателот на Кадилак, Јохан де Нисшен, пренесува Daily Mail.

Трамп во моментов вози во постарите модели, познати како “ѕвер”. Во ноември 2016 година, протекоа фотографии на прототипот на новото возило. Финалната верзија ќе биде црна и метална и ќе биде дел од флота од 12 возила чија вкупна цена е 15,8 милиони долари.

Новиот “ѕвер” е тежок осум тони, има челична врата од осум инчи дебелина, кои се запечатени така што возилото е отпорно на биолошки и хемиски напади. Предното ветробранско стакло може да издржи високи калибар куршуми и резервоарот за гориво е отпорен е на експлозија.

Единствениот прозорец што може да се отвори е оној од страната на возачот, во гепекот има резерви на крв  во случај на потреба од трансфузија за претседателот. Меѓу другите карактеристики се и пушките како “дополнителна опрема”, гуми кои не претставуваат пречка за возење, дури и кога се издишени, како и резерви на кислородот во случај на хемиски напад.

Извор: Daily Mail

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име