gaza

(ОБНОВЕНО) Ескалираа демонстрациите во Газа: Убиен еден, ранети повеќе од 700 Палестинци

Во текот на денешните демонстрации под наслов “Голем марш за враќање“ на границата со Израел ранети се повеќе од 700 Палестинци, а еден е убиен, објави Агенцијата Анадолу (АА).

ФОТО: АНАДОЛИЈА

И покрај израелските закани, Палестинците продолжуваат со демонстрации за да ги посочат проблемите со кои се соочуваат. Палестинците клањаа џума намаз во близина на границата, после што започнаале масовните демонстрации.

И овој петок, израелските војници користеа прекумерна сила. Исто така користејќи солзавец, гумени и боеви куршуми. Министерството за здравство во Газа изјави дека 122 лица биле повредени од борбите. Тие посочија дека 203 лица се хоспитализирани.

Како дознава новинар на АА, двајца новинари кои го следеле овој инцидент биле повредени.

Во протестите кои се одржуваат секој петок од 30 март, 34 Палестинци загинаа, а повеќе од 3.000 беа повредени.

Илјадници Палестинци на границата во Газа мирно протестираа и го одбележуваа Денот на земјата три петоци по ред за да се потсетат на 30 март 1976 година, кога Израел одзеде илјадници хектари земјиште од нив.

Денот на Земјата е прославен во Палестина од 1976 година и на некој начин го симболизира отпорот на Палестинците за да ја вратат својата земја, посочувајќи ја одговорноста на меѓународната заедница за заштита на правата на палестинскиот народ, воспоставувањето на независна палестинска држава и враќањето на палестинските бегалци во татковината.

Палестинците во петокот започнаа мирен Марш заа големо враќање на границата во Газа, кој ќе трае шест недели.

Извор:Faktor/ Анадолија




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× nine = 72

%d bloggers like this: