IMG_3999 (Copy)

(Видео) ПОДГОРЦИ: Свеченост по повод обележувањето на Лејлет-ул Мираџ

Синоќа, во просториите на џамијата на населба Подгорци, по повод 27-та вечер од месец Реџеп, односно Лејлету-л-Мираџ, беше одржана пригодна свеченост, каде пред присутните џематлии, учениците (талебиња) кои посетуваат веронаука при џамијата Подгорци, имаа можност оваа благословена вечер, како што ни изјави имамот на ова џамија Џефаир еф.Сефоски да ја збогатат со своите илахии, извадоци од Кур`анот, и рецитирање на ајети.

IMG_3999 (Copy)

Како што знаете, секоја година ја одбележуваме оваа благословена вечер која е многу важна за нас муслиманите, бидејќи Лејлету-л-Мираџ всушнот е поврзан со нашиот пратеник Мухаммед а.с како и доаѓањето  на предстојниот мубарек месец Рамазан.

Ова патување на пратеникот Мухаммед а.с како што гледаме споменато е во Кур`анот и воедно тоа е друга муџиза на Пратеникот а.с по важност после Кур`анот. За овој настан истотака Пратеникот зборува и во многу хадиси. Исра , духовно и телесно го означува патувањето на Пратеникот Мухаммед а.с  од Месџиду-л-Харам од Мека, до Месџиду-л-Акса во Кудс, далечина која изнесува 40 денови и ноќи пешачење, додека Мираџ-от го означува патувањето од Месџиду-л-Акса до највисокото небо, односно “Сидрету-л-Мунтеха “Sidretu-l-Muntehaa”., накратко ни изјави имамот Сефоски.

Ваквото одбележување на ваквите значајни датуми, за нас муслиманите посебно се важни и имаат посебна вредност, не само како датум во исламскиот календарот туку како и дел од историјата на муслимани, кој во себе содржи посебна вредност, посебно ме радува и тоа што во нашиве краишта, односно во нашава населба сеуште продолжува интересот за одбележување на ваквите наши празници од страна на талебињата кои посетуваат веронаука- надополни Назми еф. Мавмудоски, имам при џамија Подгорци.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four × 8 =

%d bloggers like this: