sirija-napadi

САД, Велика Британија, и Франција започнаа со бомбардирaње во Сирија

Како одговор на нападот  режимот на Асад со хемиско оружје во Источна Гута, САД, Велика Британија и Франција започнаа со бомбардирање на позициите на силите на режимот на Асад во Дамаск, Хама, Хомс, Дери и Сувиди.

Напад како одговор на нападите на Асад

За време на нападот, кој беше потврден од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, во првата фаза бомбардирани се позициите во Дамаск, аеродромот Думеир, меѓународниот аеродром во Дамаск, Центарот за научно истражување Думејр, околината на Меѓународниот аеродром во Дамас, Научно – истражувачкиот центар Чемејре, системите за одбрана на планината Касјун како и позициите во регионите на Кишва и Каламун.

Американските, британските и француските сили исто така го бомбардираа аеродромот Хама, кој е контролиран од режимот на Асад, потоа позициите на силите на Хезболах во регионот Кусейр во Хомс и повеќе позиции во Дери.

Медиуми на режимот на сирискиот претседател Асад твфрдат дека со помошт на одбрамбениот воздушен систем поедини ракети истрелани кон Сирија уништени се во воздух.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 × two =

%d bloggers like this: