столтенберг

НАТО ја поддржа воената интервенција против режимот на Асад

НАТО ја поддржа воената интервенција на Соединетите Американски Држави (САД), Велика Британија и Франција во Сирија, кои утринава започнаа со бомбардирање на неколку позиции на режимот на Асад, односно станува збор за  капацитети на хемиското оружје.

“Овој напад ќе ја ослабне силата на режимот на Асад во смисла на повторен напад со хемиско оружје”, изјавил генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенбер.

Тој, исто така, потсети дека сојузниците претходно ги осудија нападите со хемиско оружје во Сирија и рекоа дека тие претставуваат отворено кршење на меѓународните правила и договори.

“Употребата на хемиско оружје е неприфатлива и одговорните мора да полагаат сметка. НАТО смета дека употребата на хемиско оружје претставува закана за меѓународниот мир”, истакнал Столтенберг.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 5 = one

%d bloggers like this: