Нападите на САД, Велика Британија и Франција ќе доведат до зголемена тензија во светот и ќе ја загрози меѓународната безбедност, објави сириското Министерство за надворешни работи. Осуди од Русија и Иран. Нападот нема да остане без последици, изјавил рускиот амбасадор во САД. Израел и Турција ги поздравија нападите во Сирија. Шефот на ОН повикува на воздржаност. Во текот на ноќта, како одговор на хемискиот напад во Дума, САД, Велика Британија и Франција нападнаа цели во Сирија. Погодени се три локации поврзани со производство на хемиско оружје, соопшти Пентагон.

“Западниот напад во Сирија нема да има влијание врз решеноста на сириската армија да се бори против екстремистите и да воспостави контрола врз целата земја”, објавило сириското Министерство за надворешни работи.

Оваа агресија, според сириското министерство, “ќе доведе до интензивирање на тензиите во светот и ќе ја загрози меѓународната безбедност”.

Портпаролот на Руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,соопшти дека главниот град на една суверена држава е нападнат, кој со години се бори со заканата од тероризам.

Захарова истакна дека нападот бил извршен во време кога постоела шанса за мирна иднина.

Реагираше и рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов. Тој изјавил дека нападите врз Сирија нема да останат без последици, пренесе РТ.

Тој истакнал дека ќе има последици и дека одговорноста за нив лежи во Вашингтон, Лондон и Париз.

Тој изјавил дека “навредата на претседателот на Русија е неприфатлива” и дека Соединетите Држави немаат морално право да ги обвинуваат другите земји, бидејќи имаат голем хемиски арсенал.

Осуди пристигнуваат од Техеран. Нападот претставува флагрантно кршење на меѓународното право и суверенитетот на Сирија.

“Без сомнение, САД и нејзините сојузници, кои презедоа воена акција против Сирија, и покрај отсуството на какви било докази …, ќе бидат одговорни за регионалните и транснационалните последици од ова ризично претпријатие”, се вели во извештајот на Ројтерс.

Гутерес: земјите-членки на ОН да покажат воздржаност

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерес, изјави дека земјите мора да дејствуваат во рамките на Повелбата на ОН и “меѓународното право воопшто”.

“Секоја употреба на хемиско оружје е гнасна. Страдањата кои се предизвукуваат од употребата на таквото оружје се страотни“, предупредил Гутерес, барајќи од земјите-членки на ОН да покажат воздржаност и да избегнат какви било активности што би можеле да доведат до ескалација на ситуацијата, објави АП.

Реакции од Израел и Турција

Од друга страна, Израел го поздрави нападот. Акцијата предводена од САД ја повторно ја воспостави црвената линија што ја премина Башар ал Асад, изјавија израелските власти.

“Минатата година, претседателот Трамп јасно стави до знаење дека употребата на хемиско оружје ја преминува црвената линија. Вечерва, под раководство на САД, САД, Франција и Обединетото Кралство повторно ја воспоставија таа линија”, изјавил израелски официјален претставник.

Турција ги поздрави воздушните напади и ги смета за соодветен одговор, изјавија воените извори во Турција, пренесува Ројтерс.

НАТО го поддржа нападот врз Сирија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја поддржа воената акција на САД, Велика Британија и Франција против сирискиот режим, оценувајќи дека ќе го намали капацитетот за понатамошни напади од хемиско оружје против сирискиот народ.

НАТО, потсетитил тој , доследно ја осудуваше Сирија “кои продолжија да користат хемиско оружје” и на тој начин грубо ги прекршија меѓународните норми и договори.

Употребата на хемиско оружје е неприфатлива и одговорните лица мора да сносат одговорност, според изјавата на генералниот секретар на Алијансата, објави Танјуг.

Според него, употребата на хемиско оружје на НАТО се смета за закана за меѓународниот мир и безбедност и смета дека е неопходно да се почитува Конвенцијата за хемиско оружје.

“Ова бара заеднички и ефективен одговор од меѓународната заедница”, рекол Столтенберг во изјавата.

Извор:(Vijesti)

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име