bliski istok-karta

Иран порачува дека последиците од нападот ќе одат на сметка на САД

Официјален претставник во Иранската револуционерна гарда денеска изјави дека последиците од нападот на Сирија предводени од САД ќе одат на сметка на Вашингтон, објави Ројтерс.

“Со овој напад … ситуацијата ќе стане посложена, а тоа сигурно ќе оди на сметката на САД, која ќе биде одговорна за последиците за претстојните настани во регионот, а кои сигурно нема да бидат во нивни интерес”, изјавило официјалното лице на Гардата, Јадолах Џавани за иранската новинска агенција агенција Фарс.

Иранското Министерство за надворешни работи денес ги осуди напади врз Сирија, кои во текот на рано утриснките часови беа изведени на чело со САД, предупредувајќи дека Вашингтон и нејзините сојузници ќе ја сносат одговорноста за последиците во регионот и пошироко, јавуваат иранските државни медиуми.

Според Министерството, “Иран се противи на употребата на хемиско оружје врз основа на религиозни, правни и етички стандарди, а во исто време остро го осудува користењето на таквото оружје како изговор за агресија во суверена држава”.

Иран е сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад против бунтовниците од почетокот на конфликтот во Сирија, потсетува британската агенција.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− six = 1

%d bloggers like this: