Во интервју за „360 Степени“, министерот за надворешни работи, Никола Димитров зборуваше за тековните преговори за името по последната средба со грчкиот колега Никос Коѕиас во Охрид.

Тој рече дека во Виена бил постигнат значителен условен напредок, но и дека остануваат големи планини, односно се уште остануваат отворени и без решение најтешките теми, како што се грчкото барањето за промена на Уставот на Република Македонија и опфатот на употреба на новото решение. Димитров потврди дека од четирите клучни елементи во преговорите (новото сложено име, опфатот, именувањето на јазикот и на државјанство), се уште еден стои како разлика, што влијае и на другите.

 – Можеби можам само имплицитно да одговорам дека во нашата цел да се постигне поголема дистинкција бидејќи тоа го бара Грција, во интерес на нашата иднина, отворање на вратите, инвестирање во ова пријателство со соседот, нас ни е важно да не го чепнеме идентитетот, бидејќи тоа не можеме да го менуваме со договор, ниту било која било политика сегашна, идна, мината, може тоа да го направи, и тука имаме сигнали од Виена, после тоа, сега, коишто одат во добар правец, меѓутоа многу е важно ова решение да биде одржливо, а за да биде одржливо тоа мора да биде достоинствено и се уште имаме разлика во елементот на опфатот. Мислам дека е важно кога се мерат чекорите и идниот договор, да се води сметка за сегашниот правен режим и договорот да се мери според реалноста, каква е сега, а не во однос на почетните преговарачки позиции, бидејќи почетните преговарачки позиции можат да бидат и многу далеку од реалноста. Затоа е многу важно да знаеме каква е ситуацијата сега, а сега ситуацијата со опфатот е многу јасна, ние меѓународно имаме на некој начин двојна формула. Референцата Поранешна југословенска република Македонија ја употребуваат една третина од земјите членки, во сите релевантни меѓународни организации сме главно со таа референца… и ова е точка од која треба да се мери финалниот резултат и суштината на договорот. Мислам дека во проекциите на тоа што сега се разговара, ако има политичка волја, може да се најде, можеби со степен на креативност, начин како да се допрат и нивните главни интереси, а да си ги зачуваме и нашите главни интереси. Тука е главниот предизвик, како тоа да се направи, рече Димитров.

Во однос на барањето за ерга омнес Димитров рече дека нашето име е Македонија, и тоа не може никој да го испреговара или да го менува.

– Работата е да се најде дистинкција што ќе помогне да се реши овој проблем, од нашата држава Македонија во однос на регионот „Македонија“ во Грција, бидејќи географскиот регион „Македонија“ е барем во три држави, повтори Димитров.

Извор:НоваТВ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име