damask miting

(Фото) ЖИТЕЛИТЕ НА ДАМАСК ИЗЛЕГОА НА УЛИЦИ:Не се плашиме од агресија, народот е со Асад и САА

Жителите на Дамаск излегле на улиците на протестен мирен митинг на плоштадот Умавин во центарот на градот. Демонстрантите излегоа на улиците за да го поддржат претседателот Башар Асад, длабоко огорчени заради акциите на САД.

“Ние сме тука да покажеме дека не се плашиме. Нашата земја е во состојба да се спротивстави на агресијата, а луѓето се за армијата и за претседателот “, изјавил еден од демонстрантите.

Според Министерството за одбрана на Русија, повеќе од 100 ракетни проектили и проектили за воздух-земја испалени се на сириските воени и објекти за цивилна инфраструктура.

Според извештаите, проектилите биле истрелани од американски бродови поставени во Црвеното Море, проследено со воздушни напади со тактичка авијација лоцирана на Средоземното Море, а бомбите биле фрлани од страна на Б-1Б бомбардери кои летале од регионот Танф, каде што се наоѓа американската база во Сирија.

Рускиот воен извор, исто така, истакнува дека сириското ПВО било во состојба на готовност и на тој начин голем број проектили биле уништени.

Извор:globalcir




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six − = 4

%d bloggers like this: