tenkovi-sirija

Силите на Сирискиот режим влегоа во градот Дума

Силите на сирискиот режим денес влегле во градот Дума, последното упориште на бунтовниците во Источна Гута, недалеку од Дамаск, објавија државните медиуми.

“Единиците на безбедносните сили влегуваат во Дума”, стои во извештајот на  државната телевизија.

Како што е додадено, градот ќе биде “ослободен од терористи” во рок од неколку часа. Сириската армија на 6 април започна со копнена офанзива на градот Дума.

Дума е најголемиот град во областа на Источна Гута и упориште на Џаиш ал-Ислами (Исламска армија) поддржана од Саудиска Арабија. Дума е единствениот дел од Источната Гута кој владините сили не го зазедоа во текот на офанзивата во  февруари и март.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 5 = eight

%d bloggers like this: