sirija napad

Сирија: Нема жртви во нападите, Русија го свика Советот за безбендост

Нема цивилни, ниту воени жртви во нападите што САД, Велика Британија и Франција ги извршија рано изутринава во Сирија врз цели на силите лојални на претседателот Башар ал-Асад.

Според прелиминарните информации на руските сили, меѓу цивилите и меѓу сириската армија нема жртви, нагласи началникот на Оперативната управа на Генералштабот на руската Армија, генерал Сергеј Рудској.

Аеродромите на сириските сили немаат значителна штета во нападите, но „постројки што се доведуваат во врска со т.н. хемиска програма на Дамаск се делумно уништени“.

Сириската армија утрово соопшти дека еден проектил погодил научен истражувачки центар во Барзех, во близина на Дамаск, а дека во Хомс се повредени три лица.

САД Велика Британија и Франција извршија воздушни напади врз цели во Сирија, како одговор на минатонеделниот напад на сирискиот режим наводно со хемиско оружје во Дума.

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека било исправно и легално да даде наредба за напади со крстосувачки ракети врз Сирија по нападот во Дума.

Глобалната организација за спречување користење хемиско оружје соошти дека ја продолжува мисијата во Сирија со која врши анализи за наводниот хемиски напад во градот Дума.

Американскиот министер за одбрана Џим Матис и американскиот генерал Џозеф Данфорд објавија денеска дека нападите се извршени врз три постројки и оти се работи за „еднократен наапд“.

Погодени се истражувачки центар захемиско оружје во близина на Дамаск, скалдиште за хемиско оружје во близина на Хомс и скалдиште за хемиско оружје, како армиско командно место во близина на Хомс.

Нападот беше извршен во три часот по средноевропско време со ракети од бродови и авиони.

– Одредивме цели за да се намалат ризиците за руските сили, изјави Данфорд додавајќи дека американската армија ја известила Русија за користење на воздушниот простор над Сирија.

САД соопштија дека имаат докази оти сириските власти се одговорни за хемискиот напад во Дума.

– Уверени сме дека бил користен хлор. Во овој момент не исклучуваме ниту сарин, изјави Матис,

Според американски извори, нема докази дека сириската противвоздушна одбрана нападнала западни воени авиони и бродови.

Асад: Уште повече сме решени да се бориме против тероризмот

Сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска изјави дека нападите што рано изутринава ги изведоа САД, Велика Британија и Франција врз цели во Сирија, само ја зајакнуваат решеноста на Дамаск да продожи со борбата против тероризмот.

Ваквата изјава, како што соопшти Кабинетот на сирискиот претседател, Асад ја дал во телефонски разговор со неговиот ирански колега Хасан Рохани.

Рохани најавил дека Иран ќе продолжи со поддршката на Сирија.

Сириската државна телевизија денеска објави снимка на која се гледа како Асад доаѓа вообичаено на своето работно место, само неколку часа по нападите.

Снимката, што трае осум секунди, е со наслов „Утро на постојаност и цврстина“.

Првичната реакција на Дамаск беше дека се работи за варварска и брутална агресија на Западот врз Сирија.

Еднократни напади во Сирија ќе немаат ефект

Во првите реакции по денешните напади на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија, аналитичарите имаат различни оценки – од тоа дека еднократна акција, нема да има ефекти, до став дека САД имаат непредвидлив претсеател од кој може се да се очекува.

Повеќемина аналитичари во изјави за Си-Ен-Ен укажуваат дека еднократни напади би биле без ефект и дека само нивно продолжување може да го спречи режимот во Сирија да користи хемиско оружје.

Тие сметаат дека проблеми прави присуството на Русија во Сирија и ја ограничува воената коалиција предводена од САД да биде поефикасна.

Аналитичарите сметаат дека би Трамп можел да почека прво да се изврши најавената инспекција што треба да утврди дали во Сирија е користено хемиско оружје.

Дел од нив се со став дека Трамп со нападте само отфрла некои лични проблеми што ги има на домашен терен, укажувајќи дека американскиот претседател успеал „многу убедливо да ја продаде својата приказна“.

Додека неговите генерали тврдат дека се работи за еднократна акција, Трамп се однесува конфузно. сп што дополнително се комплицира ситуацијата, сметаат соговорниците за Си-Ен-Ен.

Тие оценуваат дека интервенцијата за Трамп е политички императив за да повлече „црвена линија“ со која јасно сака да порача дека хемиското оружје не смее да се користи.

Дел од нив велат дека Трамп сега нема координација со генералите и ситуаицјата со тоа станува поопасна и непредвидлива и сето тоа може да предизвика војна која никој не ја сака.

Аналитичари оценуваат дека ситуацијата со американското лидерство не е добра, бидејќи САД имаат шретседател кој е непредвидлив и се поставува прашање како ќе се решаваат останатите кризи на стабилен начин.

Русија: Пресретнати 71 ракета

Началникот на Оперативната управа на Генералштабот на руската Армија, генерал Сергеј Рудској изјави дека сирискиот систем за противвоздушна одбрана С-300 од советско производство, урна 71 од 103-те крстосувачки ракети што рано изутринава ги истрелаа САД и нивните сојузници врз цели во Сирија.

– Сириската армија ги урнаа сите ракети насочени кон четирите клучни воздухопловни бази, додаде Рудској.

Сириската армија располага со системи С-125, С-200, Бук, Квадрат и Оса.

– Москва разгледува можност за испорака на модерни С-300 противракртни системи за Сирија и други држави, дададе Рудској.

Според Рудској, целта на сојузничките напади била да се предизвика дестабилизација на состојбата во регионот.

Рускиот генерал истакна дека претпладнево состојбата во Дамаск и во другите сириски градови е мирна.

Рускиот претседател Владимир Путин во реакција на сојузничката акција оцени дека за нападот врз Сирија бил искористен „исцениран случај на употреба на отровни супстанци против цивилното население во Дума“.

Докази дека Дамаск е одговорен за хемискиот напад во Дума

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс денеска изјави дека САД имаат докази дека сириските власти се одговорни за хемискиот напад во Дума на 7 април.

– Со голема доза на сигурност сметаме дека (за нападот) е одговрна Сирија и по кој знае кој пат дел од проблемот е тоа што Русија не стори ништо за да ја спречи, нагласи Сандерс.

Таа ја обвини Москва дека не презема ништо во врска со употребата на хемиско оружје и ги отфрли како неточни руските тврдења дека нападот во Дума бил исцениран.

– Нашите разузнавачки податоци кажуваат нешто друго. Но, засега не можам да соопштам ништо повеќе, додаде Сандерс,

Американскиот Стејт департнмент, исто така, соошто дека има докази кои со „голема доза на сигурност“ укажуваат оти хемискиот напад во Дума го извршиле сириските власти.

– САД се уште работат на утврдување на употребената смеса од хемикалии, соопшти Стејт департментот.

Претходно денеска, директорот на Центарот за помирување на завојуваните страни во Сирија, Јуриј Евтушенко изјави дека вооружените сили на Русија не пронашле никакви траги дека во сирискиот град Дума бил извршен напад со хемиско оружје.

– Според изјави на сведоците, земените примероци и истрагите на локациите што ги спроведоа руските експерти и лекари во Дума, каде што се тврди дека е извршен напад со хемиско оружје, не се пронајдени траги на отровини супстанци, нагласи Евтушенко.

Европската Унија „најстрого ја осудува постојанта употреба на хемиско оружје од страна на сирискиот режим“ исткна во писмено соопштение високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

– Во тој контекст бевме информирани за целните американски, британски и француски воздушни напади врз складиштата за хемиско оружје во Сирија. Овие специфични мерки се преземени со единствена цел да се спречи идна употреба на хемиско оружје и хемиски супстанци како оружје од страна на сирискиот режим за убивање на сопстениот народ, наведува Могерини.

Таа додава дека ЕУ ги поддржува сите напори за спречување на употребата на хемиско оружје и потсетува дека тоа претставува „воено злосторство“ и „злосторство против човештвото“.

Могерини изрази уште еднаш жалење што мандатот на заедничкиот истражен механизам при Организацијата за забрана на хемиското оружје, не е обновен од ноенври 2017. Овој механизам беше воспоставен со резолуција на Советот на безбедност на Обединетите нации.

Високата претставничка во име на ЕУ ги повикува Русија и Иран да го искористат своето „влијание за да спречат понатамошна употреба на хемиско оружје“ во Сирија.

– ЕУ повторува дека не може да има друго решение за сирискиот конфликт освен политичко. Наша заедничка цел е да спречиме ескалација на насилството што би го претворил сирискиот конфликт во поширока регионална конфорнтација со незамисливи последици за Блискиот Исток, како и за целиот свет. ЕУ ги повикува сите страни, особено режимот и нивните сојузници веднаш да го имплементираат прекинот на огнот и да обезбедат хуманитарен пристап и медициснки евакуации, како што заеднички е договорено со резолуцијата 2401 на Советот за безбедност на ОН, нагласува Могерини во соопштението.

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека верува оти политички договор е единствената опција за решавање на сириското прашање и повика на целосна фер и објактивна истрага за наводните хемиски напади во Сирија.

– Кина постојано се спротиставува на употребата на сила во меѓународните односи. Воена акција која ги заобиколува Советот за безбедност на ОН, ги крши принципите и основните норми на меѓуанродното правом, изјави портпаролка на Министерството, Хуа Чунјунг.

Русија свика итна седница на Советот за безбедност на ОН поради денешните напади на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија, соопшти Кремљ.

Во соопштението се посочува дека претседателот на Русија, Владимир Путин ги осудил нападите врз Сирија, каде „руски војници и помагаат на легитимната Влада во борбата против тероризмот“.

– Акциите на САД дополнително ја усложнуваат хуманитраната катастрофа во Сирија и тие носат одговорност за страдањата на мирното населние, оценил Путин.

Според него, САД ги „затвораат очите пред дејствувањето на терористите, кои седум години го имачуваат сирискиот народ и поттикнуваат бран бегалци од земјата и регоонот“.

 Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− four = 1

%d bloggers like this: