ruski-vojni-centar-940x560

Русија заради ситуацијата во Сирија, свика итен состанок со своите воени сојузници

Русија повика итна седница на Постојаниот совет на Организацијата за договорн на колективна безбедност (ОДКБ) откако под водство на САД се спроведоа воздушни удари на западната коалиција во Сирија.

Постојаниот совет на ОДБК се состанува на ниво на амбасадори на земјите-членки. На состанокот ќе присуствува и генералниот секретар на Организацијата Јуриј Хачатуров.

ОрганизацијатА за договорот на колективна безбедност (ОДБК) се состои од Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан. ОДБК е регионална меѓународна организација формирана на територијата на поранешниот СССР и се базира на воената и безбедносната соработка на земјите-членки. Покрај Шангајската организација за соработка, каде што оската Пекинг-Москва, ОДКБ представува тесен воен сојуз на важни постсоветски држави.

Земји посматрачи во организацијата се:Авганистан и Србија, а Азербејџан, Грузија и Узбекистан излегоа од алијансата. Нови земји или потенцијални кандидати се Египет, Индија и Иран.

ОДКБ е пред се воен сојуз на оние земји кои се полноправни членки и постои тенденција да се комбинираат ОДБК и Шангајската организација за соработка во единствен безбедносен сојуз, иако тие сега веќе соработуваат на високо ниво.

Според актите за основање, ОДБК има за цел одржување на мирот, меѓународната и регионалната безбедност и стабилност, колективна заштита на независноста, територијалниот интегритет и суверенитетот на земјите-членки.

ODKBФОТО – ODBK / Земји членки се Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан, и набљудувачи Авганистан и Србија




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 2 = six

%d bloggers like this: