sirijanapad

(Видео) Вака изгледа Сирија после нападот на американските ракети

Сириската државна телевизија ги објави првите снимки од земјата по воздушниот напад минатата ноќ, кој беше предводен од САД, Франција и Велика Британија. Првите снимки објавени од сириската државна телевизија прикажан е голем кратер направен од американски ракети. Видеото покажува како сиријците одат на работ на кратерот кој е снимен во предградието на Хомс.

Во друго видео од сириската државна телевизија уништувањето се гледа во научно-истражувачкиот центар во близина на Дамаск. Сириската армија соопшти дека едукативниот центар и лаборатории биле уништени во нападот врз центарот.

Официјалните претставници на Пентагон соопштија дека целта на нападот е “срцето” на програмата за развој и производство на хемиско оружје на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Во снимката, објавена од страна на Ал-Ikhbariya, се гледаат урнатините на уништената зграда и изгорено возило.

Сириската армија соопшти дека повеќе од 100 ракети биле истрелани на воена база во сириската провинција Хомс и во истражувачки центар во Барзех, во близина на Дамаск.

Американскиот претседател Доналд Трамп го објави првиот твит по синоќешниот воздушен напад во Сирија, во кој тој акцијата ја нарекол како “одлична”.

- Совршен напад минатата ноќ. Му благодарам на Франција и на Обединетото Кралство за нивната мудрост и силата на нивната војска. Не можев да имам подобар резултат. Мисијата е постигната – напишал Трамп.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four + = 11

%d bloggers like this: