turcija-eu

ЕУ: Анкара направи чекори наназад

Според извештајот на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ, Турција е во многу лоша позиција во своите напори за пристап во ЕУ. “Турција направи големи чекори во отстапувањето од ЕУ”, стои во извештајот во кој увид имал германски весник “Велт”.

Според извештајот, Турција презеде чекори назад во областите на судството, реформата во јавниот сектор, основните права и слободата на изразување.

Извештајот за Турција ќе биде претставен на 17 април во Стразбур, како дел од поширокиот пакет за проширување.

Пакетот дава преглед на состојбата на политичкиот и економскиот развој на Турција и на шест балкански држави кои сакаат да влезат во ЕУ.

Според извештајот, се истакнува дека сите земји-кандидатки треба да сторат повеќе за да ги усвојат основните вредности на ЕУ и да го искоренат организираниот криминал и корупцијата.

 

Извор:(Vijesti / SRNA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 + one =

%d bloggers like this: