Сè започна како конфликт меѓу власта и опозицијата, за да се претвори во војна во која учество зедоа најголемите светски сили, за што денес повеќе се зборува отколку за Сирија. Што навистина се случи во Сирија?

 

 

Пред точно еден месец Сирија влезе во осмата година од војувањето. Крвавиот судир започна на 15 март 2011 година, а причините, мапите и учесниците на војната се прилично комплицирани. Сè започна како конфликт меѓу властите и опозицијата, со цел да се претвори во војна во која учествуваа најголемите светски сили, за кои денес повеќе се зборува, отколку за самата за Сирија. Што навистина се случи во Сирија?

Крвавата војна започна по демонстрациите во неколку сириски градови против владата и претседателот Башар ал Асад, под покровителство на Арапската пролет, кога се случија политички промени во земјите од Северна Африка, во кои многу долгогодишни режими и владетели беа симнати од демонстрации и граѓански протести (во Тунис, Египет , Мароко), но исто така и граѓанска војна, како што беше случајот со Либија.

Демонстрантите во Сирија побараа крај на владеењето на партијата Баас, повисоки граѓански и социјални права, како и симнување на Башар ал Асад од власт. Арапската лига, САД, Европската унија и други земји го обвинија сирискиот режим дека брутално се спротивставил на демонстрантите, во кои сириската армија употребила огнено оружје. Имаше мртви луѓе, имаше и од оние кои разочарани ги напуштија редовите на редовната армија и преминаа кај бунтовниците, осуди пристигнаа од целиот свет, а до 2012 година сè се претвори во сериозна граѓанска војна.

Само неколку години порано, Сирија беше дом на разни верски и етнички групи и дури 21,3 милиони жители колку што имала кон крајот на 2010 година. Денес, оваа бројка е околу 18 милиони со тенденција да паѓа, поради големиот број жртви, кои, што заради големиот бран на бегалци кои бегаат од бомбите на опустошената земј, спас главно бараа во Европа. Оние што останаа во голема мера беа раселени во внатрешноста на земјата, односно бегаа од борбите, а денес, според проценките, околу 11 милиони луѓе се раселени во самата Сирија или повеќе од половина од земјата.

ФОТО: (ЦНС фото / Роди Саид, Ројтерс)

Според различни проценки, во војната загинале меѓу 350.000 и 450.000 луѓе, а некои градови, како што е Алепо, втор по големина после Дамаск, речиси се  целосно уништени.

Коренот на конфликтот во верата

Пред војната во Сирија (официјално Сириска Арапска Република) живееле неколку етнички и верски заедници. Апсолутно мнозинство го сочинуваа Арапите (90,3 отсто), а остатокот беа претежно Курди и Ерменци. Според религијата, мнозинството биле сунитски муслимани (74 проценти), шиитски муслимани изнесувале околу 12 проценти, алавитите околу 10 проценти, а христијаните 9-10 проценти. Во Сирија уште постои заедници на Друзите (религија поврзана со исламот, но исто така и со христијанството и јудаизмот).

Зошто се важни овие информации? Во верскиот состав на Сирија, се крие и  коренот на нетрпеливост меѓу муслиманите – Сунитите, кои сочинуваат 75 проценти од сириските граѓани и малцинските шии.

ФОТО: (worldaffairsjournal.org)

Несложувањето на двете струи на исламот не е ново и датира од 632 година н.е. Тогаш, после смртта на пророкот Мухамед, се појави конфликт во врска со прашањето за наследникот на тогашната сеисламска држава. Сунитите гаат огромен анимозитет спрема шиитите, кои воопшто и не ги сметаат за муслимани, туку како отпадници и неверници.

Во рамките на шиитското верување постои секта составена од Алавити. Семејството Асад припаѓа на Алавитите, и веќе половина век владее над половина век со земјата каде што три четвртини од населението го сочинуваат сунитите. Кога Хафез ал Асад, таткото на актуелниот претседател на Сирија Башар, со помош на воен удар, дојде на власт во 1966 година, тоа представуваше огромно изненадување не само за муслиманската заедница, туку и за целиот свет.

Шеријатско отстапување

Хафез поминал четири години како министер за одбрана за во 1970 година да го собори поранешниот претседател Салах ал-Џалид. Хафез ал-Асад се обидел Сирија да ја направи да не биде шариатска држава и ја реформирал земјата колку што можел. Жените ги добија истите права како и мажите, што е реткост во исламскиот свет, па дури и донесе закон кој не бара претседателот на земјата не мора да биде од муслиманска вероисповед.

ФОТО: (Дејвид Ферст / AFP / Getty Images)

За време на неговото владеење, Асад се соочи со жесток отпор од страна на сунитите, кои на секој начин се обидувале да го соборат. Така, во 1976 година, избувна Исламското востание, предводено од члесови на Муслиманското братство, и кое траеше шест години, до 1982 година.

Овој бунт, Хафез ал-Асад, го угушил со крв, до масакрот во Хама. Проценките за бројот на жртвите се разликуваат, а податоците варираат помеѓу 10 и 40 илјади луѓе кои беа убиени за време на опсадата на градот. Востанието беше угушено, но омразата на радикалната сунита против семејството Асад растеше од година во година.

Зошто западните земји ја нападнаа Сирија?

Директната причина за нападот врз Сирија беше хемискиот напад во Дума, во кој според најновите информации користен е хлорин.

Ова не е прв, дури и најтежок инцидент со хемиско оружје во Сирија, мѓутоа западните земји одлучија да нападнат, за како што рече Доналд Трамп, да го сопре режимот на Асад во користењето на овој вид забрането оружје.

 

ФОТО: Карта на хемиски напади  во Сирија (Википедија)

Од 2013 година, кога се појавија сомнежите дека режимот користи хемиско оружје, забележани се повеќе од 40 напади во кои се сомнева дека е употребуван  хлорин или сарин, нервни отрови кои предизвикуваат болна и мачна смрт. Меѓу нив се и нападите во Гута, во предградијата на Дамаск во август 2013 година и нападот во Кан ал-Асал во предградијата на Алепо во март 2013 година.

Режимот тврди дека немало такви напади, што е став кој го подржува Русија, која дури тврди дека последниот напад во кој 40 луѓе загинаа и беа повредени околу 500 луѓе, е целосно исцениран.

Извор:(TBT)

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име