nasir-al-mulk-mosque-shiraz-iran-1

РАСКОШ НА ШИРАСКИТЕ УБАВИЦИ: Џамија која во внатрешноста го крие вистинското изненадување / ВИДЕО

Изградбата на џамијата Насир ал-Мулк, позната како Розева џамија, траела 12 години и заврши во 1888 година.

Џамијата во иранскиот град Шираз го носи името на големиот Мирза Хасан Али-хан, познат како Насир ал-Мулк.

Иако надворешната страна не се разликува многу од повеќето големи џамии во таа земја, Розевата џамијата има изненадувања скриени во внатрешноста.

Кога првите зраци на утринското сонце ќе ги допре преубавите разнобојни витражи, на зидовите на ова свето место се создава преубав калеидоскоп од бои кои никого не оставаат равнодушен.

Освен витражот, нејзиниот изгледот како од “Илјада и една ноќ” и прекрасната палета на боја која се шири во нејзината внатрешност, ова џамија ја прават мирно место за молитва, но исто така и споменик кој секој кој ќе се затекне во близина, без оглед на верата, вреди да се посети.

Џамијата Насир ал-Мулк во последниве години е едно од неизбежните места за повеќето туристи кои доаѓаат во Иран.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 − = three

%d bloggers like this: