netanjahu

Нетанјаху го пофали нападот на Сирија, истото го посакa и за Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го пофали нападот на Западните сили врз Сирија и повика на сличен пристап и спрема Иран за време на телефонскиот разговор со британската премиерка Тереза ​​Мај. “И`реков дека нападот испраќа меѓународна порака за нулта толеранција за употреба на неконвенционално оружје. пристапот требаше да се примени против терористички држави и групи за да ги спречи да развијат нуклеарни капацитети “, им изјавил Нетанјаху на министрите на денешниот состанок на кабинетот, пишува The Times of Israel.

Како што истакнал  Иран е главниот елемент кој го “поткопува“ Блискиот Исток и дека сирискиот претседател Башар ал Асад мора да разбере дека тој ја загрозува Сирија и регионот, дозволувајќи им на Иран да има воено присуство во таа земја.

Извор:(Vijesti)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − 1 =

%d bloggers like this: