grcija

(Фото) Крв на улиците на Атина: Грците ја бранат Сирија, и уриваат статуата на Труман

Група приврзаници на Грчката комунистичка партија се обидоа денес да ја урнат статуата на поранешниот американски претседател Хари Труман во центарот на Атина за време на протестите заради воздушните напади на САД, Франција и Велика Британија на Сирија.

Демонстрантите се судрија со полицијата која употребила солзавец за да ги растера, пренесе Ројтерс повикувајќи се на сведоци. Најмалку тројца демонстранти беа повредени, додала британската агенција.

На протстот се собрале неколку стотици поддржувачи на Комунистичката партија. Агенцијата АНА, повикувајќи се на полицијата, објави дека две лица се уапсени, додека едно лице било повредено на протестот, објави Танјуг.

Според грчката агенција, во протестот ичествувале ученици и студенти кои марширале до Американската амбасада. Конфликтите избувнале кај статуата на Хари Труман.

Во централна Атина во саботата се одржаа протести заради нападите на Сирија, кои според полицијата се собрале меѓу 6.000 и 7.000 луѓе. Протестите беа организирани и од Грчката комунистичка партија.

Демонстрантите се собрале во Атина на централниот плоштад Синтагма, а потоа се упатиле кон Американската амбасада, носејќи транспаренти и извикувајќи слогани против САД.

Кога стигнале до Амбасадата, на улицата со црвена боја напишале:”Американци, убијци на луѓе”. Потоа, безуспешно се обидувале да ја бојата да ја уфрлат во дворот на амбасадата во САД, објави АП.

Фотографиите објавени од страна на американската агенција покажуваат дека демонстрантите го запалиле американско знаме. САД, Велика Британија и Франција извршија заеднички воздушни напади во Сирија поради наводниот хемиски напад врз цивили во Дума на 7-ми април, во кој загинаа најмалку 40 лица.

Извор:(Vijesti)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one + 1 =

%d bloggers like this: