grcija-zname

Турција ја предупреди Грција после истакнување на знаме на спорен остров

Турскиот премиер Бинали Јилдирим ја предупреди Грција да се воздржи од “провокации” откако на ненаселениот остров во Егејското море покрај турското крајбрежје е истакнато знамето на Грција.

Јилдимир денес изјави дека турската крајбрежна гарда го отстранила знамето од островот кај турско егејското летувалиште Дидим, пренесува АП.

Турскиот премиер изјави дека овој инцидент потсетува на 1996 година, кога Атина и Анкара завојуваа околу спорните ненаселени острови Имија.

“Нашиот совет кон Грција да се држи подалеку од провокации и агитирања. Одлучни сме да реагираме остро на ваквите чекори”, рекол Јилдирим.

Три грчки момчиња пристигнале во петокот на островот за кој двете држави тврдат дека полагаат право, и на највисоката точка го поставиле грчкото знаме  кое  би се гледало од турското копно оддалечено на 40-тина километри.

Извор:(Vijesti / SRNA)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six + 7 =

%d bloggers like this: