На Босфор биле забележани два руски воени бродови, натоварени со воени возила.

Британскиот Дејли мејл тврди дека бродовите се снимени на пат кон руската поморска база Тартус на северниот брег на Сирија.

На руските бродови се наоѓале тенкови БТР-80, камиони “рамаз“ и радари за бомби кои се користат за откривање на импровизирани експлозивни направи, објави Танјуг.

На еден од бродовите се наоѓа и чамец BMK-T, кој се користи за изградба на монтажни мостови.

Бродовите се снимени на пат кон Сирија , откако во петокот Велика Британија, Франција и САД нападнаа цели во Сирија, поради наводниот напад со хемиско оружје во Дума.

Извор:cdm

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име