napadi-sirija

НОВИ НАПАДИ НА СИРИЈА: Соборени 9 ракети (видео)

Како што објавија медиумите во текот на ноќта, Сирија повторно беше цел на нападот – гаѓана е авиобазата Шајрат и аеродромот во близина на Дамаск. Засега нема официјална потврда за инцидентот.

Арапските медиуми објавија дека средствата за против-воздушна одбрана на Сирија одбила два ракетни напади врз воените аеродроми во Шајрат, во провинцијата Хомс и во Думеира, на 50 километри северно од Дамаск. Како што е соопштено од страна на изворот Ел Ебури во командата на вооружените сили на Сириска Арапска Република, сириската армија соборила шест цели над Шајрат и три ракети кај Думера.

Според информациите на порталот Ел Масдар, две воздушни бази биле нападнати израелски авиони од воздушниот простор на Либан. Ова, сепак, не го потврди ниту официјалниот Дамаск ниту Тел Авив.

Телевизијата “Скај њуз” Арабија, повикувајќи се на очевидци,пренесе дека во текот на ноќта експлозии се слушнале на сириската страна на либанската источна страна на долината Бека. Можно е нападот да биде извршен по позициите на шиитското движење “Хезболах”, кое се бори на страната на Дамаск.

Телевизијата на Ел Манар објави дека израелската авијација интензивно летала над Голанската висоравнина. Според нивните информации, израелската команда ги сменила засилувањата во регионот и оклопниот персонал во случај сириската армија да одговори на ракетни напади.

Погледнете го видеото:




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one × = 4

%d bloggers like this: