deponija

Трибина во Струга „Како да управуваме со депонијата додека не се изгради регионалната депонија“

Утре во Струга ќе се одржи јавна трибина „Како да управуваме со депонијата додека не се изгради регионалната депонија“.

Организатор е Здружението Центар за одржлив развој на заедницата од Дебар. Учество ќе земат преставници на општина Струга,граѓанската иницијатива ДОСТА Е!, Еколошкото друштво „Натура“, како и претставници од граѓански организации и граѓански активисти.Проектот ќе го презентира координаторот Шуип Марку. На тема „Здравјето и туризмот не можат заедно со дива депонија“ ќе зборува Берат Села од „Натура“, а за потребните чекори за решавање на проблемот според погледот на граѓаните ќе зборува активистот Ардиан Демири од „Стружани за Струга“.

Почетокот на трибината е од 13:00 часот, а ќе се одржи во канцелариите на Центар на заедниците Струга (во зградата на народна одбрана). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


two − = 0

%d bloggers like this: