eu

ЕК препорача отворање на пристапните преговори со Македонија

Европската комисија му препорача до Советот да отпочне пристапни преговори со Макеоднија. Оваа порака на прес конференцијата во Старзбур ја пренесе европкомесарот за проширување Јоханес Хан.

ЕК смета дека е од јуни 2017 е направена значителна работа во однос на спроведувањето на Итните реформски приоритети, прво преку искрената желба за реформи и за објективна проценка на ситуацијата, преку подготовка на сеопфатна стратегија и легислатива и консулатции со сите фактори, вклучувајќи ја и опзицијата, на инклузивен и транспарентен начин.

Високата претставничка за надворешни работи и безбедност Федерика Могерини рече:

-Денеска, чекор напред во однос на Западен Балкан е направен во однос на ПЈРМ и Албанија. Сепак, работата на реформите и на модернизацијата треба да продолжи, во интерес на партнерите на ЕУ, рече Могерини.

Во општиот дел од Извештајот во однос на Македонија се наведува дека парламентарните избори одржани во декември 2016 во голема мерка придонеле да се надмине длабоката политика криза. Процесот на неопходни структурн реформи е долг и ќе бидата потребни години, а поправањето на штетите нанесени изминатите години не може да се случи преку ноќ.

И покрај тешкотиите поради отсуството на главната опозициска партија од декември до крајот на јануари, најголем дел од овие важни стратегии беа усвоени кон крајот на декември до февруари, а многу други се подготвени и чекаат на усвојување во следните месеци, врз основа на приоритетноста.

Но поважно од тоа е политичката волја да продолжи повторно. Во целото општетство има позитивна промена во однос на политичката свест, чиј недостаток беше главна кочница за реформите во изминатите години.

Во светло на направениот напредок, ЕК препорачува да бидат отворени пристапните преговори. Потребно е да се задржи и да се продлабочи реформискиот процес во однос на Итните реформски приоритети. За поддршка на сето ова, Комисијата ќе се вклучи со засилен пристап во однос на поглавјата за кои се преговора во однос на правосудството и основните права и правдата, слободната и безбендоста во земјата.

Европската комисија нагласува дека процесот на проширување продолжува да се гради врз основа на востановените критериуми и фер и ригоризни услови. Секоја земја се проценува според своите достигнувања. Укажувањето на постигнатиот напредок и недостатоците се прави на основа на постигнатите реформи во моментот.

Се констатира дека се уште постојат структурни недостатоци, особено во областите на владеење на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминла, безбедноста, основните права, демократските институции и реформата во јавната администрација, како и во однос на економскиот развој и конкурнтноста.

Во однос на земјите од Западен Балкан се укажува дека во февруари 2018, ЕУ одново ги потврдила цврстите перспективи за члентво во ЕУ, што се смета за силна порака на охрабрување за целиот Западен Балкан и знак на одлучноста на ЕУ за нивната европска иднина.

За лидерите на овие земји, се нагласува дека мора без сомнение да демонстрираат стратешка ориентација и одлучност. Притоа се баведува дека регионалната соработка и добрососедските односи се основа за напредок на нивниот европски пат.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 6 = one

%d bloggers like this: