Турскиот вицепремиер Бекир Боздак изјави дека владејачката партија во Турција, Партијата на правда и развој (АКП), ќе ги разгледа барањата за одржување вонредни парламентарни и претседателски избори.

Изјавата на Боздак дојде за кратко време откако лидерот на Националистичката партија, Девлет Бачели, изјавил дека изборите во ноември 2019 година треба да се одржат порано.

Бачели инаку е сојузник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Како што отцени Бачели, на 26 август 2018 година ќе се одржат вонредни избори, наведувајќи дека повеќе “нема смисла да се одлагаат”.

Ердоган се залага за зајакнување на својата политичка позиција после неуспешниот државен удар во Турција.

Турција, по минатогодишниот референдум, се сврте од парламентарен во претседателски систем кој најголем дел од власта ја става во рацете на Ердоган. Промените ќе стапат во сила по следните избори.

Извор:cdm

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име