kineska-flota

(Видео) Кина мобилизирала воени сили како подршка на Русија во случај на судир со САД во Сирија

Пред насловната, ќе објавиме уште една, многу интересна вест од рускиот медиуми “Росија 24″ (видео подолу од текстот), во која се наведува дека во исто време кога САД го започнаа нападот врз Сирија, Кина покренала речиси 50 воени бродови и подморници, повеќе од 70 ловци, вклучувајќи ги и оние на 5-та генерација, 20 бомбардери, како и повеќе од 10 илјади војници кон тајванскиот канал, во Јужното Кинеско Море. Таму Пекинг на 18-ти април планира да отпочне големи воени вежби.

Потезите на Пекинг се директно поврзани со заканите на САД во Сирија. Тие главно се однесуваат на демонстрирање на кинеската воена моќ на членките на НАТО алијансата, како и на САД, кои “активно се мешаат во внатрешните работи на другите земји”, се вели во информацијата. Тензиите меѓу Кина и САД во однос на Тајван достигнаа врв во 1990-тите и почетокот на 2000-тите, се намалија во 2006 година, кога на чело на Тајван дојде умерениот претседател кој настојувал да ги поправо односите со Пекинг, за повторно да ескалираат во последните месеци, кога американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го реализира  договор со Тајван за испорака на најсовремено американско оружје во износ од една и пол милијарда долари.

Но, уште поинтересна вест дојде од францускиот медиумски простор, посебно “Ресо Интернешнл”, според кој Кина е подготвена да ги испрати своите воени бродови до границата со Сирија во случај на голем воен конфликт по американскиот напад во саботата во таа земја, и тоа согласно военото партнерство меѓу Кина и Русија. Кинеското Министерство за одбрана ја исчекувало наредбата да отпочне покренување на дел од своите воени сили кон територијата на Сирија, конкретно, сириското крајбрежје и базата во Иран, при што како се наведува Кина требало да биде инструмент за спречување на Русија и САД од започнување на Третата светска војна, кое во аналитичките кругови не се отфрлало.Нема официјална потврда за оваа вест од Пекинг.

Вреди да се потсетиме дека новиот кинески министер за одбрана пред десет дена беше во Москва, кој во разговорот со својот руски колега Сергеј Шојгу во пресрет на Московската меѓународна конференција за безбедност, отворено изјави дека кинеската армија ќе ја поддржи Русија во случај на конфликт со САД.

Извор:geopolitikanews




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 9 = eighteen

%d bloggers like this: