Премиерот Зоран Заев  оцени дека денешниот ден е еден од оние денови кога сите граѓани на РМ можат да бидат горди, бидејќи како што рече „стигнавме до остварување на нашите стратешки цели, односно поблиску сме до членство на ЕУ и до еконмските стандарди на ЕУ“.

Тој истакна дека ова препорака за Македонија за отпочнување на преговорите е кристално чиста и безусловна и потсети дека претходните години таа била суспендирана и условена со одржување фер и демократски избори и имплементација на Договорот од Пржино и препораките на Прибе.

-Годинава таа е безусловна. Ова исто така значи дека политичката криза е зад нас, дека ЕУ со внимание ги следи процесите во земјата и сме влезени во редовни политички процеси како секоја функционална држава, рече Заев.

Тој смета дека Комисијата ни оддала признание дека сме на вистинскиот пат и дека 17 април е голем датум во историјата.

Најголемата заслуга за ова, Заев им ја припиша на граѓаните.

-Владата посветено работеше на реформите, но одлуката да се стави крај на една погубна политика и да се определи за попрогресивана иднина ја донесоа граѓаните. Тие избраа нова власт и ја задолжија да спроведе итни реформи, рече Заев на тематската прес конференција.

Според него, Македонија ќе добиеше препорака и доколку опозицијата не се вратеше во Собранието, но како што рече, „тие го направија вистинскиот чекор и покажаа дека има нова политичка кима во Македонија и не се заборавени државните интереси“.

-Затоа ова е успех на и опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, рече Заев додавајќи дека ќе продолжат со градењето консензус за сите прашања.

-Власта покажа дека прифаќа различно мислење, а опозицијата дека е свесна за сопстевна одговорност и прифаќа различни аргументи, рече Заев ддавајќи дека заслуга имаат и БЕСА, Алијанса на Албанците и ДПА.

Тој најави дека во тој дух и посветеност се и прегорите за решавање на проблемот со името и верува дека во најскоро време ќе го решиме спорот и со тоа, како што истакна „ќе го затвориме ова прашање засекогаш“.

Извор:НоваТВ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име