severna-juzna koreja lideri

Северна и Јужна Кореја после 68 години официјално најавуваат крај на војната?

Во пресрет на состанокот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, пратениците од соседните земји преговараат за детали на заедничката изјава која би можела да го означи официјалниот крај на нивната војна, објавија локалните медиуми.

Пјонгјанг и Сеул технички се уште се во војна, бидејќи конфликтот во Кореја, кој започна во 1950 година, заврши три години подоцна, но престана, меѓутоа со примирје, а не мировен договор, а војната, законски посматрана, никогаш не завршила.

Северна и Јужна Кореја разговараат за прогласувањето на постојан крај на официјално објавениот воен конфликт меѓу двете земји, весникот Мунхва Илбо, цитирајќи неименуван јужнокорејски официјален претставник, објави денеска CNBC.

Можно е дека Ким и Мун, исто така, да зборуваат за враќање на силно утврдената демилитаризирана зона.

Геополитичките тензии на полуостровот периодично избувнуваа по примирјето, но двете земји успеаја да избегаат од уште разурнувачки конфликт.

Успешниот состанок меѓу двата корејски претставници би можело да го олесни состанок со Ким кој ќе се одржи со американскиот претседател Доналд Трамп.

Претходно, Централната новинска агенција на Кореја, КЦНА, објави дека американскиот претседател и лидерот на Северна Кореја се подготвени да одржат разговори кон крајот на мај или почетокот на јуни. Трамп посочи дека се надева оти исходот од разговорите ќе биде крај на програмата за развој на нуклеарно оружје во Пјонгјанг.

Ниту еден американски претседател, додека бил на функција, не се состана со некои од сегашните лидери на Северна Кореја. Само двапати се сретнале нивните лидери – Џими Картер го запозна Ким Ил Сунг во 1994 година, а Бил Клинтон се состана со Ким Јонг Ил во 2009 година. И Картер и Клинтон биле поранешни претседатели во времето на состаноците, а двете земји дури немаат дипломатски претставништва.

Извор:geopolitikanews




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 + six =

%d bloggers like this: