makron

Макрон: Прво самите да се средиме, Балканот може да почека

Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека Европската унија не треба да прима нови членови додека не се интегрира подлабоко и не спроведе реформите.

Макрон, во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур, изјави дека сака да го зајакне Западен Балкан со европскиот проект, но сега не е време да се примаат нови членови.

“Ќе го поддржам проширувањето само ако продлабочувањето и реформите на нашата Европа се први”, истакнал тој.

Макрон рече дека не сака Балканот да се сврти кон Турција или Русија, ама дека не сака ЕУ, која денес тешко функционира со 28, а утре со 27 членки, да одлучи дека може да прими нови членови под истите правила.

Западниот Балкан и ЕУ ќе се состанат следниот месец на Самитот ЕУ-Западен Балкан, ама мали се шансите Брисел во скоро време да покани една од земјите да приклучи на ЕУ.

Нешто претходно, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, предупреди дека војната би можела да се врати на Балканот доколку земјите во регионот останат без надеж дека ќе пристапат во ЕУ.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− three = 3

%d bloggers like this: