benzema

БЕНЗЕМА: Не ја пеам химната, бидејќи повикува на војна

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, објасни зошто не ја пее француската национална химна во натпреварите на националниот тим. Бензема во последно време е на удар на критики заради нешто послаба форма, своевремено беше  критикуван заради расправиите со Валбуен, но и поради тоа што не ја пее националната химна “Марсељеза” .

Бензема смета дека критиката за добри играчи е “она што го продаваат весниците”.

“Ако ги слушате зборовите на Марсељеза, таа не е ништо друго освен повик да се тргне во војна и тоа воопшто не ми се допаѓа”, објаснува Бензема за Марка. Француската химна настанала во добрата француска буржоаска револуција и навистина таа е повик да се спротивстави на тиранијата.

Бензема додал дека многу пати кога бил предмет на критики му помагал претседателот на клубот Флорентино Перез. Французинот се наоѓа во Мадридскиот клуб од 2009 година и се пресели од Лион. Во текот на девет години на Сантијаго Бернабеу, имал изобилство од критики.

“Големите играчи секогаш ги критикуваат, тоа го продаваат весниците. Ако одиграм лошо, не ми требаат вести за да го видам тоа.” “Секогаш давам се од себе сѐ и не ме интересира што пишуваат во вестите”. Тоа навистина не допира до мене  “, истакнал Бензема.

Извор:(Vijesti)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 3 = one

%d bloggers like this: