han

ХАН: Турција продолжува да излегува од патот за ЕУ

Турција забрзано се оддалечува од патот кон Европската унија, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за време на презентацијата на извештајот за напредокот на земјата во процесот на проширување. Брисел ја критикуваше Анкара во извештајот, тврдејќи дека се движи кон авторитарен режим и ги крши човековите права.

“Турција продолжува да се оддалечува од ЕУ, особено во областите на владеењето на правото и човековите права”, истакнал Хан.

Турција не реагираше веднаш на извештајот, но Анкара долго време ги отфрли критиките на Брисел, тврдејќи дека предолго го чека членство, наведувајќи дека ЕУ мора да се одлучи дали ја сака Турција во членство или не.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


8 − six =

%d bloggers like this: