palestina-monteverest

Палестинско знаме на врвот на Монт Еверест

Џерах (22), палестински планинар кој преживеал рак, го подигнал палестинското знаме кога стигнал до базниот логор на Еверест за да покаже солидарност со пет милиони палестински бегалци.

“Џерах е првиот палестински планинар, бегалец со вештачка нога. Кога имал 15 години, му била дијагностицирана Остеосарком (рак на коските), а десната нога му била ампутирана за да го спаси својот живот. Ова не го спречи да стане планинар две години подоцна и да стигне до врвот на Килиманџаро (5100 метри) во 2015 година со порака за надеж за пациенти кои боледуваат од рак “, објави Амбасадата на Палестина во Црна Гора.

Денес, Џерах се искачил на Монт Еверест за да ги собере потребните средства за UNRWA (Агенцијата на ОН за грижа и помош на палестинска бегалци на Блискиот Исток).

Ал Џофех UNRWA училиште кое го посетувал пред десет години се соочува со затворање заради незапамтена финансиска криза предизвикана од драстично намалување на финансиската помош од страна на админстрацијата на Трамп за 83 проценти.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 × three =