MOGERINI=SOBRANIE

Могерини: Работете заеднички, не заборавајте низ што поминавте

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини во обраќањето во македонското Собрание упати неколку пораки до политичките претставници во Македонија:

-Имајте го јасно пред себе патот што се трасираше, бидете горди на на препораката на патот што ссе вративте, каде што треба да бидете и не заборавјате како се доаѓа до тоа и  како се гради, особено по преживувањето на една од најдлабоките политички кризи досега, рече Могерини.

Таа истакна дека деновив слушнала многу благодарност од македонските претставници до ЕК за препораката. Но, Могерини рече дека всушност Унијата е таа која треба да и се заблагодари на земјата за постигнатото.

-Ова е местото каде треба да бидете, со јасна неусловена препорака за влез во нашата Унија.  Ова е признание за она што го завршивте, рече Могерини и повтори дека постигнатото е подеднаков резултат и за власта и за опозицијата.

-Повеќе единство и заложби ќе бидат протребни понатаму. Ова се заеднички резултати и за Владата и за опозицијата, кои имаат одговорност да ги обединат силите за следните чекори. Вие ја споделувате обврската кон своите граѓани и државата, истакна Могерини во обраќањето.

Таа повтори дека Владата има одговорност да го отвори просторот за вклучување на опозицијата, а опозицијата има одговорност да се вклучи контриуктивно.

-Колективно имате одговорност да ги идентификувате националните приоритети на Вашата земја, за сите граѓани и имате колективна одговорност во институциите да соработувате за да постигнете резулати по овие национални протитети, истакна Могерини, при што им порача:

-Не постои ризик да загубите, освен да го изгубите капацитетот да постигнете резулти за Вашите граѓани.

Таа во обраќањето направи споредба на она што го виделе за време на посетата пред една година и сега.

-Кога ќе помислам на ситуацијата пред една година и каде сте денес, поминавте долг пат. Добрите вести се дека сте назад на патот, ја минавте најлоштата политика и институционална криза со која сте се соочиле и сте назад на патот и тоа е големо достигнување, оцени Могерини, а постигнатите резултати таа ги нарече „импресивни“.

Таа истакна дека најголемото достигнување е во реформите, кои како што рече се најсилиот знак на зрелост на демократските институции. Притоа истакна дека не се работи само за внатрешни реформи, туку и реформи во односите со соседите и регионалната динамика и притоа го истакна како најпозитивен, примерот со Договорот со Бугарија.

-Денес во Скопје и секададе низ земјта гледам едно обединето општесто, обединето околу целта да биде дел од едно европско семејство. Сега веќе не зборуваме како да стигнеме до патот, туку за одење по патот кон ЕУ. Се надевам дека разговорите со Грција ќе доведат до решение и убедена сум дека ова ќе прерасне во основа за обединетост на ЕУ, рече Могерини.

Таа потенцира дека повеќе сака да зборува за реобединување, отколку за пропирување на Европа, и порача дека треба да се инвестира во единството, демократските институции и граѓаните.

-Време е да почнеме да трчате, да трчате заедно, еден со друг, до вашите соседи и уверена сум дека со тоа ќе стигнете далеку, порача Могерини.

 Извор:НоваТВ/Фото:МИА




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × four =