Според резултатите од последната анкета на јавното мислење, повеќе од половина од Израелците се убедени дека нивната земја наскоро ќе влезе во војна, пренесува агенцијата Анадолу (АА).

Израелскиот весник “Маарив” ги објави резултатите од истражувањето спроведено од Panels Politics, во кое се тврди дека 52 отсто од Израелците веруваат дека нивната земја наскоро ќе влезе во нова војна.

Секој петти израелец е на мислење дека Израел се соочува со вистински и сериозни закани, а една третина од Израелците веруваат дека Иран, Хамас и Хезболах се најголемата закана за Израел.

Втората третина израелци се на мислење дека најголемата закана и проблем во Израел е економска криза и сложен живот. Последната третина, најголемиот проблем во Израел го гледа во корупцијата во јавниот сектор на таа земја.

Извор: Фактор

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име