Воени офицери на Катар учествуваа на воена вежба “Заеднички заливски штит 1” со вооружени сили од 25 земји.

Вооружените сили на Катар учествуваа во воената вежба “Заеднички заливски штит 1″ во Саудиска Арабија, објави новинската агенција Катар.

Воената вежба беше спроведена во Рас Ал Каир, северно од градот Џубаил, во источниот регион на ова кралство, од 21 март до 16 април, го цитира  QNA Министерството за одбрана на Катар.

На вежбата учествувале неколку офицери од вооружените сили на Катар, предводени од бригадниот генерал Хамис Мохамед Деблан, заедно со копнените, поморските и воздушните сили од 25 други земји.

Вежбата вклучувала серија етапи, вклучувајќи и вежби на командниот центар и обука на терен.”

’Зајакнување на братските односи’

Вежбата е завршена со спроведување на вежи со регуларно и нерегуларно гаѓање со боева муниција, како и дел на воена парада.

Учеството беше фокусирано на зајакнување на братските односи, размена на искуства и учество во сè што ќе ја зачува безбедноста и стабилноста на земјите од Советот за соработка во Заливот и арапските и исламските региони.

Според QNA, на церемонијата на затворање присуствувал началникот на Генералштабот на вооружените сили на Катар, генерал-мајор Ганем бин Шахен ал-Ганем, на покана на саудискиот колега генерал Фајад бин Хамед ал-Рујејли.

Извор: агенции

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име