iran vojska

ИРАНСКИ ПРЕДСТАВНИК: С.Арабија пред нас не би издржала повеќе од 48 часа

Полковникот Хоррам Туси, висок советник на Врховниот командант на иранската армија, изјавил дека Саудиска Арабија не е во состојба да ги издржи воените капацитети на Иран повеќе од 48 часа, барајќи од таа држава да не зборува за нешта кои се премногу големи за неа, истакнал тој.

Во интервју за иранското радио, тој додал дека Саудиска Арабија не треба да дава изјави против Иран кои се непропорционални со големината и воените капацитети на Кралството.

Тој рекол дека стратегијата на неговата земја не е да се спротивстави на земјите од регионот, ниту ќе биде, истакнувајќи дека Америка е целта на Иран во каква било конфронтација.

Иранскиот официјален претставник изјави дека политиката на “арогантни сили” во регионот се потпира на медијациони војни. Според него, воздушните напади не можат да ја решат ситуацијата на теренот, бидејќи исходот на војната го решаваат копнените сили.

Договори за набавка на оружје

Овие изјави временски се совпаднаа со барањата кои иранскиот претседател Хасан Рухани им ги упати на западните земји да престанат со “ограбување на земјите од регионот” преку договори за набавка на оружје, истакнувајќи дека дијалогот е единственото решение за кризата во регионот.

За време на воената парада во Техеран, по повод Денот на Армијата, Рухани изјавил дека неговата земја ќе произведува и ќе купи било кое оружје што и е потребно и нема да чека за одобрување на светот. Тој, исто така, истакна дека вооружените сили на неговата земја не претставуваат закана за соседните земји.

Иранската армија презентираше различни единици и арсенали од тешки и лесни оружја, ракети и ракетни системи во присуство на воени команданти.

Од друга страна, за време на состанокот со претставниците на Министерството за разузнавање, највисокиот лидер на Иран, ајатолахот Али Камнеи, побара од владата да формира дефанзивна разузнавачка програма за борба против “непријателот” за да му дозволи на Иран да ја наметне својата контрола.

Некои од кризите во регионот се арена на индиректен конфликт меѓу Иран и Саудиска Арабија, па Јемен Ријад го обвини Техеран за поддршка на движењето Хуси, кое е одбиено од страна на иранските власти.

Извор:(TBT, агенции)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


five − 2 =