asad1

Сирија на Франција и` го врати Асадовиот орден на Легијата на честа

Кабинетот на сирискиот претседател Башар ал-Асад објави дека одликувањето на Легијата на честа кое Франција во 2001 година му го додели на Асад вратено е во Париз.

Како што беше објавено, ова беше направено откако Франција учествуваше во неодамнешниот воздушен напад врз сириските воени инсталации.

Францускиот претседателски Емануел Макрон во понеделникот изјави дека Франција има намера да започне постапка за враќање на одликувањето.

“Сириското Министерство за надворешни работи денеска и официјално на Франција, по пат на ромајската амбасада во Дамаск која ги претставува француските интереси во Сирија, одликувањето Големиот крст на Легијата на честа, доделен од страна на францускиот претседател Жак Ширак на претседателот Асад”, се вели во соопштението.

Одлуката за враќање на одликувањето беше донесена после учеството на Франција “во агресија заедно со САД и Велика Британија” во Сирија на 14 април оваа година, додал кабинетот на Асад.

Американските, британските и француските сили извршија воздушни напади врз основа наводите дека силите на Асад на 7 април користеле хемиско оружје во нападот на Дума, последното упориште на бунтовниците во Дамаск.

“Не е чесно за претседателот Асад да носи одликување на еден режим кој е поданик на САД со кои ги поддржува терористите”, се додава во соопштението.

Ширак го одликува на Асад во 2001 година, откако го наследи таткото Хафез ал Асад за претседател на Сирија.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 5 = one