vozovi salzburg

Во судар на возови на железничка станица во Салзбург повредени 40 лица

Два патнички возови биле вклучени во судир при спојувањето на главната железничка станица во австрискиот град Салзбург денес наутро, при што најмалку 40 лица биле повредени, соопшти полицијата.

Еден возовите удрил премногу силно во другиот кој доаѓал од Цирих, додека биле споени, изјавил портпаролот на полицијата.

- Возот Nightjet застанал на четвртиот перони во постапката за спојување при што удрил во вториот воз кој на перонот пристигнал од другата страна – изјави портпаролот.

Несреќата се случила во 4.45 часот по локално време, објави Ројтерс.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four + = 7