kurc

Курц: Турските предизборни собири ќе бидат забранети во Австрија

Австриската десничарска коалициона влада, која остро се противи на пристапот на Турција во ЕУ, ќе им забрани на турските политичари да одржат предизборни кампањи на нејзината територија пред изборите во јуни во Турција, изјавил денес  австрискиот канцелар Себастијан Курц.Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган свика предвремени парламентарни и претседателските избори оваа недела, поместувајќи го гласањето за повеќе од една година со што Турција ќе премине во нов систем на извршно претседателство со поголеми овалстувања усвоени на референдум минатата година.

 

Во текот на тој референдумот, турските министри се обидоа да добијат поддршка во земји со големи турски заедници, како што се Холандија и Германија. Овие земји воведоа забрана на митинзите од страна на турските политичари повикувајќи се на загриженост за безбедноста со што ја разлути Анкара, додека Ердоган и некои од неговите сојузници ја споредија германската влада со нацистичкиот режим.

“Турското раководство на Ердоган со години се обидува да ги искористи европските заедници, лица со турско потекло. Собирите во предизборната кампања на Турција во Австрија се непожелни и нема да ги дозволиме”, изјавил Курц за радиостаницата ОРФ.

Австриското противеење на таквите собири, сепак не е новина.

Поранешниот канцелар од редовите на социјалдемократите минатата година изјави дека ќе го забрани секој предизборен собир на турските министри. Потоа беше донесен закон што му дава на владата поширока власт да ги забрани политичките собири на странските државјани.

Неколку стотини илјади граѓани на Австрија се Турци или се со турско потекло.

Конзервативците на актуелниот канцелар во коалицијата се со антиисламската Либерална партија, со што Австрија е единствената западно европска земја која во владата има партија на екстремната десница. Двете страни веруваат дека Европската унија треба да ги прекине преговорите за пристап со Турција.

Запрашан дали Австрија ќе ги спречи предизборните митинзи на сите турски политички партии, Курз рекол дека истото ќе го направи за сите.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 2 = six