erdogan

Ердоган стана почесен граѓанин на Нови Пазар

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган од денес е почесен граѓанин на Нови Пазар.

Ова беше едногласно одлучено од страна на членовите на Градското собрание на седницата по повод одбележувањето на Денот на градот кој се слави денес.

Градоначалникот на Нови Пазар, Нихат Бишевац, изјавил дека на Ердоган му се доделува ова признание за неговата несебична афирмација и инвестирање во развојот на инфраструктурата и економијата на овој град.

“Чест ни е да го прогласиме и наречеме на Ердоган за почесен граѓанин на Нови Пазар, и преку овој симболичен гест сакаме да му се заблагодариме за сето она што го направи за нашиот град. Ние сакаме нашето пријателство да продолжи и во наредните години “, рече тој.

Освен Ердоган, почесен граѓанин на Нови Пазар пред три години стана српскиот претседател Александар Вучиќ.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 1 = eight