pasos francuski

Нема ракување – нема француско државјанство

Муслиманка од Алжир нема да добие француски пасош затоа што одбила да се ракува со тамошните официјални лица за време на церемонијата на доделување на државјанство, пресудил највисокиот суд во Франција, објави АФП.

Таа, тврдејќи дека ја спречуваат “религиозните верувања”, одбила да се ракува со висок функционер кој претседавал со церемонијата на доделување на државјанство во јуни 2016 година, како и со локален политичар.

Владата соопшти дека нејзиното однесување покажало дека не била асимилирана кон француската заедница, што е една од причините зошто државјанството може да биде одбиено од брачен другар на француски државјанин, пишува SBS News.

Жената, која е во брак со Французин од 2010 година, се жалела на таа одлука, нарекувајќи ја злоупотреба на моќта, но судот одлучил дека владата “не ја применила неправилно “ со закон.

Извор:cdm




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four + 4 =