zlatni sipki

Турција ги повлече сите свои резерви на злато од САД

Турската централна банка во текот на 2017 година. ги повлекла сите свои златни резерви од американскиот Федерален резервен систем, каде се наоѓале на чување – пишува турскиот медиум Хуријет.

Турција донесе одлука да го намали износот на златни прачки кои се чуваат во САД по влошените односи со таа земја по низата на билатерални и регионални прашања. Турција во САД чувала 28,7 тони злато.

Повлекувањето на турски златни прачки беше потврдено во априлскиот извештај на Турската централна банка. Во графиконот на резерви на злато во 2016 година бројот е 28689 килограми, а во графиконот за 2017 година забележана е прецртана линија. Турската централна банка, државните резерви на злато ги проценува на 564,6 тони (20 милијарди долари).

Повлеченото злато од САД беше делумно вратено во Турција, а делумно било распоредено на чување во Европа, првенствено во Централната банка на Велика Британија и во Швајцарија.

На оваа вест може да и ја додадеме и онаа, вчерашната изјава според која Турција и Иран започнуваат да плаќаат во меѓусебната стокова размена во своите национални валути, т.е го исфрлуваат доларот и еврото како средство за плаќање во меѓусебните трговски договори.

Извор:geopolitikanews




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× five = 25