avganistan-napad

Бомбашки напад во центарот на Кабул.Загинале најмалку 9, повредени 56 лица

Најмалку девет лица загинаа, а 56 се повредени во бомбашкиот напад кој се случи рано утрово во центарот на главниот град на Авганистан, Кабул.

Нападот се случи во западниот дел на Кабулската област Барчи, во близина на таканаречената Зелена зона, во која се сместени државната администрација и дипломатските мисии.

Целта на нападот бил Центарот за регистрација на гласачи, пред кој имало многу гужва заради попис на избирачкиот список.

Шефот на објектот, Хумајон Мохат, изјавил дека најверојатно станува збор напад на бомбаш самоубиец но дека резултатите од истрагата се чекаат.

Очевидци велат дека бројот на жртвите на смртни случаи е многу поголем од првите информации што ги обезбедуваат полициски службеници.

Минатата недела Центарот започна процес на регистрирање на гласачите за долгоочекуваните локални и парламентарни избори што ќе се одржат во Авганистан во октомври оваа година.

Тоа беше трет напад во Кабул од почетокот на процесот на регистрација на гласачите.

Милитантното талибанско движење се противи на одржување избори и издаде серија закани за гласачите, и покрај гестот на авганистанскиот претседател Мохамед Ашраф Гани, кој го повика талибанското движење да аплицира и да учествува на изборите.

Извор:РСЕ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 − = three