inforgrafika

Инфографика/ Индија во 2050 година ќе биде земја со најголем број на муслимани

Како најмлада од сите религиозни групи, со просечна возраст од 30 години, муслиманската популација е најбрзо растечка во светот, а во 2050 година, Индија ќе биде земја со најмногу муслимани, покажува студијата на американскиот Центар Pew.Izvor: Pew Research Center

Исламот во моментов е втора по големина религија после христијанството, и доколку ваквиот демографски тренд продолжи, муслиманите ќе ги прстигнат христијаните кон крајот на овој век.

Според податоците од 2010 година, во светот има 1,6 милијарди муслимани, или 23 проценти од светското население, а Индонезија е најнаселена муслиманска земја.

“Во 2010 година Индонезија имаше најголемо муслиманско население во светот, но муслиманското население во Индија би било дури и поголемо до 2050 година. Сепак, хиндуизмот ќе остане најголема религија во Индија. Христијанското население во Велика Британија и Франција ќе падне под 50 отсто , а 10 отсто од сите Европејци ќе бидат муслимани во 2050 година, според истражувањето на Центарот Pew.

ajb_religije-2.png - undefined

Извор: Центар за истражување на Пју

Повеќето муслимани, близу до 62 проценти, живеат во азиско-пацифичкиот регион, кој вклучува многу популации од Индонезија, Индија, Пакистан, Бангладеш, Иран и Турција, наведува Pew. Во Индонезија живее најмногунаслената популација, ама американскиот центар предвидува дека повеќе од 300 милиони муслимани ќе живеат во Индија до 2050 година,пренесува AJB.

Според Центарот Pew, лулката на таа религија, Саудиска Арабија, е рангирана на 16-то место во бројот на муслиманските популации, зад Етиопија и Узбекистан.

Pew предвидува дека светското население ќе се зголеми за 35 отсто до 2050 година, додека муслиманското население ќе порасне за 73 отсто на 2,8 милијарди луѓе.

Четири од десет христијани на светот ќе живеат во субсахарска Африка.Izvor: Pew Research Center




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one × 9 =