Иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека САД стои зад валутната криза во неговата земја, кои, според него, сакаат да предизвика економска криза во Иран.

Иранската новинска агенција ИРНА објави дека Рохани, во главниот град Техеран, се состанал со високи претставници на иранската влада.

Рохани изјавил дека Иран го фиксирал курсот на доларот за да ги обезвредни плановите на САД.

“Оваа одлука беше соодветна за 80 милиони Иранчани, иако за поединци тоа не беше добро, ама ние треба да размислуваме за мнозинството”, рекол Рохани.

Осврнувајќи се на датумот кога американскиот претседател Доналд Трамп треба да донесе одлука за нуклеарната спогодба, Рохани изјавил:

“Тие мислеа дека можат да извршат притисок врз иранскиот пазар, и на 12 мај сакаа да направат чекор против иранскиот народ. Нашата одлука беше шлаканица за одлуката што САД планираа да ја донесат”.

Иранскиот претседател изјавил дека неговата земја е подготвена за можно повлекување на САД од нуклеарниот договор.

“Имаме стратегија за сè она што очекуваат нашите непријатели, но и за она што не го очекуваат. Тоа брзо ќе го имплементираме”, рекол Рохани, додавајќи: “Во историјата на САД не била забележана админситрација како оваа, која  предизвикува загриженост кај американскиот народ , но исто така и меѓу сите жители на светот “.

Во јули 2015 година Делегацијата на Иран и групата 5 + 1 или петте постојани членки на Советот и Германија, го постигнаа споменатиот нуклеарен договор.

Договорот е добредојден во поголемиот дел од светот, особено во Техеран. Се смета за “нова страница” во меѓународните односи, но Израел сè уште е гласно против тоа.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека нема да го потврди иранскиот нуклеарен договор во 2015 година, цитирајќи серија нови санкции против владата на Техеран. Трамп вели дека договорот треба да се ажурира, додека пак Иран се противи на тоа.

Извор:РСЕ

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име